АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ: Торнадо направи хаос на југот од Грција (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Tornado Jockey

Силно торнадо го погоди јужниот грчки град Каламата, а целата временска непогода и силниот ветар се забележани на надзорни камери на фабрика за производство на маслинов зејтин. Временската неприлика се случи во понеделникот на Пелопонез, а денес се појавија и видео-клипови на социјалните мрежи.

Шеесетина работници панично ја напуштиле фабриката, пред ветрот да започне да руши прозори.

– Ненадејно, се слушна силен звук и видовме како ветерот подига предмети тешки 60 килограми. Не знаевме што да правиме – изјави сопственикот на фабриката Пападимитриу, опишувајќи го страшниот настан.

Тој додаде дека торнадото траело само три до четири минути. На својот пат, тоа срушило магацини на фабриката, додека разни предмети летале на сите страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот