Апликацијата за запознавање на Фејсбук наскоро достапна и во Европа

epa07538677 Fidji Simo Head of Facebook Apps introduces Facebook Dating during the keynote F8 Facebook Developer Conference at the McEnery Convention Center in San Jose, California, USA, 30 April 2019. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Компанијата Фејсбук објави дека ќе ја лансира апликацијата за запознавање „Фејсбук дејтинг” во 32 европски земји.

Таа апликација требаше да биде достапна за Европејците порано, но, Службата за заштита на податоците на ЕУ, претставена од ирскиот ДПЦ (регулаторно тело на Унијата што ги надгледува технолошките компании ширум светот), изрази загриженост поради штурото објаснување за лансирањето на апликацијата, која треба да биде достапна од 13 февруари.

Од ДПЦ изјавија дека не добиле документација за проценка на заштитата на податоците или за процесот на донесување одлуки преземени од Фејсбук.

Ирскиот сервис денеска соопшти дека ќе продолжи да го следи процесот на запознавање низ Европската унија оваа недела, додавајќи дека Фејсбук, во меѓувреме, објаснил каде се случиле промените во апликацијата.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот