Апликацијата за следење на коронавирусот во Германија веќе ја користат 9,6 милиони граѓани

Германија, ковид 19 / Фото: Архива

Апликацијата беше претставена во вторникот и во промет ја пушти Владата и државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.

Од пуштањето во промет во вторникот до денеска, 9,6 милиони германски граѓани ја инсталирале апликација за следење и предупредување на коронавирусот на своите паметни телефони, соопшти германската Влада.

– Германската влада се радува поради големиот интерес на граѓаните за овој механизам за борба против ширењето на вирусот – изјави денеска Улрике Демер, една од портпаролите на Владата во Берлин.

Апликацијата беше претставена во вторникот и во промет ја пушти Владата и државниот епидемиолошки институт Роберт Кох. Апликацијата ги следи движењата на корисникот и дополнително го известува ако корисникот бил во близина на заразено лице.

Апликацијата во Германија се користи на доброволна основа. Институтот Роберт Кох преку Твитер нагласи дека „секој нов корисник придонесува за ефикасноста на апликацијата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот