Апликацијата „ТикТок“ забранува пристап на деца под 13 години

Кинеската платформа за споделување видео содржини „ТикТок“ го блокираше пристапот до апликацијата на деца и тинејџери под 13 години.

Забраната е предизвикана по неодамнешната смрт на десетгодишно девојче од Палермо, Италија, кое се задуши со каиш од бањарка изведувајќи го бизарниот „блекаут предизвик“, пренесува агенцијата „АНСА“.

Од компанијата „ТикТок“ наведуваат дека во иднина ќе користат вештачка интелигенција за да се потврди возраста на своите корисници. Италијанското надзорно тело објави дека ќе ја следат и проценат ефективноста на новите мерки воведени од апликацијата.

Profimedia
Profimedia

По смртта на девојчето, во Италија имаше уште еден случај со 48-годишна жена од Сицилија која беше приведена поради наводно „поттикнување самоубиство“. Таа на својот профил на „ТикТок“ објавила видео на кое се гледа како маж и жена си лепат селотејп околу устата и носот – уште еден од ужасните предизвици на апликацијата.

Во случајот со „влијателната“ корисничка на „ТикТок“ од Сицилија, полицијата откри дека таа објавувала повеќе видеа, со чија помош успеала да собере дури 730.000 следбеници.

Тие откриле околу 20 видеа со опасни предизвици, меѓу кои и вдишување креми низ нос, затворање на очите со клешти и исценирано кршење на рака со длабока тава. Сите споменати предизвици ги изведувала жената од Сицилија.

Италијанската полиција во акција против Тик Ток „инфлуенсерка“: Уапсена е жена во Сицилија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот