Апликацијата СтопКорона ќе биде задолжителна доколку имате решение за изолација

Владата на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.
Согласно овој заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки ќе биде повторно разгледан во Комисијата за заразни болести.

Во оваа насока, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

Прочитајте и...  Берлин не се согласува со нови услови и критериуми за Скопје, ЕУ со помош од 120 милиони евра

Во врска со оваа точка, Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата СтопКорона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот.

Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

Прочитај повеќе

Европска агенција за основни права: Ромите живеат 10 години помалку од другите Европејци

Слободен печат

Почина Жилиет Греко, икона на француската шансона

Слободен печат

Протест во Грција: Блокираа автопат во знак на револт за сместување на мигранти во локален хотел

Слободен печат

ММФ укажува: Години ќе бидат потребни за економска санација на последиците од ковид-19

Слободен печат

Џон Јовановиќ: Почнува нова ера во односите меѓу Србија и САД

Слободен печат

Курц: Откажан годишниот бал во виенската опера поради ковид-19

Сашко Димовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Слободен печат

Мицкоски: Бараме независен јавен обвинител и одговорност за незаконски прислушуваните разговори

Слободен печат

Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Слободен печат

Несреќа во Нигерија: Експлодира камион-цистерна, меѓу 23. загинати има и деца

Слободен печат

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Слободен печат

Старт на судски процес на обвинителка контра опозиција: Рускоска претрпела душевна болка од изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат