Апликацијата „Signal“ доби над 810.000 нови корисници кои „побегнаа“ од „WhatsApp“

Instagram

Бројот на нови корисници на апликацијата за пораки „Signal“ нагло се зголеми во последните денови, откако „WhatsApp“ ја ажурираше политиката за приватност на податоците.

Во неделата, апликацијата „Signal“ била инсталирана од околу 810.000 луѓе ширум светот, скоро 18 пати повеќе отколку на 6 јануари, откако „WhatsApp“ ја ажурираше својата политика за приватност, покажуваат податоците од истражувањето на компанијата „Apptopia“.

Instagram

Според новата политика за приватност, „WhatsApp“ има право да споделува податоци на корисниците, вклучително и локација и телефонскиот број, како матичната компанија „Facebook“ и компаниите „Instagram“ и „Messenger“.

Застапниците за заштита на правото на приватност го критикуваа овој потег на компанијата, посочувајќи на повремените скадалозни пропусти на „Facebook“ во заштитата на податоците на корисниците. Многу активисти предложија корисниците да се префрлат на други платформи.

Instagram
Instagram

За да се справи со големиот број нови корисници, „Signal“ во неделата објави дека го зголемува бројот на сервери. До неодамна, оваа бесплатна апликација најмногу ја користеа новинари и активисти за човекови права во потрага по побезбеден и подобро шифриран канал за комуникација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот