Апликацијата МојДДВ ја презеле над 140.000 граѓани

Управата за јавни приходи информира дека од 1 јули 2019 година кога започна реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку „Google Play Store“ и „Apple Ѕtore“ ја презеле над 140 000 граѓани.

Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки, остварен е промет од 1,572,173,704 денари, а повратот од 15% од пресметаниот ДДВ изнесува 25,368,380 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката како и од ефектите коишто се во насока на намалување на сивата економија.

Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и се почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот