Апликацијата МојДДВ е достапна и за корисниците на Ајфон

Апликацијата МојДДВ е достапна и за корисниците на iOS на Аpple store. За да ја инсталирате кликнете ТУКА

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска пред две недели најави дека наскоро апликацијата ќе биде достапна за преземање и од „Apple Store” за корисниците од „iOS” оперативниот систем, бидејќи станува збор за мултинационална компанија која работи со посложени административни процедури при поставување на апликациите.

Согласно законските одредби во Законот за враќање на дел од ДДВ, едно физичко лице во текот на годината ќе може да си врати 7.200 денари, а четиричлено семејство каде сите ги исполнуваат условите ќе може да си оствари една просечна плата од 28.800 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот