АПИС: И за казината и автомат-клубовите не важи недела – неработен ден

Фото Архива на СП

Што се однесува до измените на Законот за работни односи кои се однесуваат на обврската на работодавецот да исплаќа 50 проценти повисока дневница за работа во недела и за време на празници, го известуваме Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ дека компаниите од Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија постапуваат по истата – велат од АПИС.

Како од Асоцијацијата на обложувалници, така и oд Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) велат дека може да работат во недела и на празник, откако Сојузот на синдикати информираше дека во оваа дејност се крши работнилкото право за недела-неработен ден.

– Во членот 69 и 96 став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри е определено, цитираме: „Казиното или автомат клубот може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“. Со ова јасно и недвосмислено законодавецот утврдил дека, во конкретниот случај, измените на Законот за работни односи, односно воведувањето на „неработна недела“, не може да има важност за организаторите на игри на среќа. Имено, казината и автомат клубовите поседуваат лиценци за работа 24 часа – 7 дена во неделата, за што уредно плаќаат надоместок на Министерството за финансии. Воопшто не е случајно што овој сектор е регулиран со таканаречен „lex specialis“ закон, бидејќи се работи за специфична дејност која е нужно усогласена со европските и светски пракси за оваа дејност – велат од АПИС.

Оттаму објаснуваат дека ги почитуваат новите законски одредби во однос на дневница за работа во недела и на празник.

– Што се однесува до измените на Законот за работни односи кои се однесуваат на обврската на работодавецот да исплаќа 50 проценти повисока дневница за работа во недела и за време на празници, го известуваме Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ дека компаниите од Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија постапуваат по истата – велат од АПИС.

Од АПИС информират и дека за време на најрестриктивните мерки за спречување на ковид-19 пандемијата, автомат клубовите и казината, иако не работеа 100 дена, беа задржани сите вработени, што е потврда за општествено одговорно однесување.

Видео на денот