АПИС: Автомат клубовите и казината може да бидат дел од првата фаза на олабавување на мерките

Подоле, во целост, соопштение на АПИС до јавноста:

“Земајќи предвид дека Владата на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука за фазно враќање на општествените процеси во „новата нормалност“, сметаме дека како општествено одговорни субјекти, ценејќи ги економските предизвици со кои се соочува државата, треба да ги потенцираме следните факти.

Уредбата за отворање на само еден сегмент од дејноста-игри на среќа во првата фаза е дискриминаторска и не е во согласност со европските стандарди за регулација. Истовремено, се создава впечаток дека извршната власт се става во улога на заштитник на спортските обложувалници, без да земе предвид дека со „заборавањето“ на автомат клубовите и казината, кои се во рамки на истата дејност-игри на среќа, создава ризик илјадници луѓе да останат без своите работни места.

Автомат клубовите и казината може да бидат дел од првата фаза на олабавување на мерките, бидејќи како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС, одамна ги преземавме сите неопходни превентивни мерки за функционирање на дејноста во ограничени услови и со максимална заштита од евентуален, потенцијален ризик за пренесување на вирусот „Ковид -19“.

Во прилог на ова соопштение Ви доставуваме и кратко едукативно видео на кое ги презентираме заштитните протоколи.

Претставници на АПИС, на состанок во министерството за финансии, го образложија безбедносниот протокол за отворање на автомат клубовите и казината, кој предвидува ограничување на бројот на лица кои можат да бидат присутни во казината и автомат клубовите, инсталирање на заштитни паравани, дистанца од пунктовите за уплата-исплата, 100% дезинфекција, 100% заштита на вработените, задолжително носење на заштитна опрема на посетителите, задолжителна редарска служба. Станува збор за детално разработен протокол кој ги содржи сите аспекти, согласно стандардите кои се воведени во западните европски земји, каде веќе оваа дејност е повторно во функција.

Согласно фактот дека во првата фаза, ќе се отворат и спортските обложувалници, затворените трговски центри, па потоа во следната фаза ресторани и слични дејности, апелираме до Владата да ја преиспита одлуката и да им овозможи и на автомат клубовите и казината да започнат со дејност заедно со овие дејности. На тој начин ќе повратиме приходната страна на Буџетот на РСМ и ќе ги задржиме 4000-те вработени на своите работни места во овие две одделни дејности од посебните игри на среќа.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот