Апетитот на Хамилтон расте по ГН на Шпанија: Чекор по чекор ќе му се приближиме на Ред Бул

EPA-EFE/Siu Wu

Мерцедес во Барселона првпат сезонава имаше двоен подиум, а Луис Хамилтон најави дека со надградениот автомобил тимот работи на тоа да го стигне доминантниот Ред Бул

Мерцедес го обезбеди својот прв двоен подиум годинава во шампионатот на Формула 1 откако Луис Хамилтон заврши на второто место, а Џорџ Расел беше трет на ГН на Шпанија минатиот викенд, трка на која победи Макс Верстапен.

– Каков резултат за нашиот тим. Дефинитивно не очекувавме дека ќе го имаме овој резултат, затоа да му симнам капа на мојот тим кој продолжува да притиска и да се приближува до Ред Бул. Мислам дека Ред Бул е сè уште е пребрз во моментов, но ние работиме на тоа. Чекор по чекор и ако успееме да му се приближиме до крајот на годината, тоа би било прекрасно, а ако не, следната година – вели Хамилтон.

Хамилтон имаше импресивен настап претекнувајќи го Карлос Саинц од Ферари, а Расел напредуваше девет места до третото место и го спречи задоцнетиот налет од Серхио Перез во автомобилот на Ред Бул.

– Ова е знак за работите за кои се надеваме дека ќе дојдат. Ако се споредиме со другите момци, Астон и Ферари, ние сме само побрзи и побрзи. Навистина ми е мило што сум на подиумот – изјави Расел.

Хамилтон заврши на шестото место во шампионатот за возачи минатата година, а Расел заврши на четвртото место. Оваа година Хамилтон е тој што моментно е на четвртото место, а Расел е едно место зад него.

Тоа беше првата трка оваа сезона во која Мерцедес го покажа својот надграден автомобил, со надеж дека ќе ги надмине своите сегашни ривали како Астон Мартин и Ферари, иако Ред Бул се уште е далеку пред сите други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот