Aпелација ја намали затворската казна за Ѓоко Поповски

Затворската казна на поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Пoповски е намалена од девет на пет години. Одлуката ја донеле апелациските судии кон крајот на минатата недела.

Oва е втор пат Апелација да одлучува за случајот „Триста”. Првиот пат во 2018-та година ја укина поради пропусти во постапката и ја врати на повторно судење.

Првостепената пресуда и првиот (22 мај 2018) и вториот пат(22 октомври 2019), од девет години затвор во Кривичен суд ја донесе судијката Добрила Кацарска, која наскоро треба да стане уставна судијка.

Ѓоко Поповски е првиот функционер кој заврши во затвор.

Случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се однесуваше на набавка на 300 возила за потребите на МВР. Според обвинението, со оваа набавка буџетот бил оштетен за 453.570 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот