Апелација денеска не расправала за жалбата на Бојан Јовановски

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Од Апелацискиот суд информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.

– Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме – информираат од Апелацискиот суд.

Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч, кои се наоѓаат во домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот