Апел за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Со оглед на комплицираната ситуација поради коронавирусот, како и строгите протоколи кои ќе се применуваат на денот на гласањето, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува Државната изборна комисија, политичките партии, како и сите надлежни институции да обрнат внимание на заштита на здравјето на новинарите и медиумските работници .

ССНМ посебно изразува загриженост за начинот на кој ќе се спроведе известувањето, односно покривањето од страна на медиумите на чинот на гласањето на високите партиски функционери, кои традиционално предизвикуваат големо внимание .

Од досегашното искуство при гласање на одреден политичар во гласачкото место влегувале над 15 сниматели и фоторепортери, што имајќи го предвид протоколот за гласање (најмногу двајца гласачи истовремено), како и големината на просторот каде што се гласа, претставува ризик како за медиумските работници, така и за претставниците на избирачките одбори и набљудувачите .

Затоа повикуваме навремено да се разгледаат овие потенцијално проблематични ситуации и да се донесат правила и протоколи според кои јавноста нема да остане неинформирана, снимателите и фоторепортерите ќе си ја завршат непречено својата работа, а притоа и здравјето на сите инволвирани ќе биде максимално заштитено .

Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита додека ги извршуваат своите работни задачи .

Апелираме до ДИК и другите надлежни институции да им овозможат на новинарите и медиумските работници безбедно да можат да си  ја вршат работата на денот на изборите .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот