Апел за помош: Македонски камионџија починал во Холандија, се собираат пари за транспорт на покојникот

Тодор Ѓорѓиески од Крушево починал во саботата во Холандија, па сега се прават напори преку социјалните мрежи да се платат сите трошоци за неговото тело да се донесе во Македонија, стои во апелите на социјалните мрежи.

Од неговото семејство информираат дека сопственикот на фирмата во која работел Ѓорѓиески ќе го плати транспортот, но потребни се финансии и за други трошоци.

На социјалната мрежа Фејсбук отворена е донација од Игор Јованов, кој работи во транспорт во Шведска, со лимит од високи 36.207 долари (29.455 евра). Како што вели тој, таа бројка е толкава со цел што побрзо да бидат собрани парите и предадени на семејството.

Ѓорѓиоски почина на 54-годишна возраст, а долги години бил спортски активен најпрво како одбојкар, а подоцна и како одбојкарски тренер во Крушево. Последните неколку години работеше во транспортот ширум Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот