Апел за евакуација на жители од критичните реони во селата Нов Истевник и Стар Истевник

Фото: МИА

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, градоначалникот на Општина Делчево потенцира дека е неопходна евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.

– Апелирам жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замав во атарот на селото, истакна Трајковски.

Жителите од споменатите маала моментно спасуваат што може да се спаси од пожарот кој веќе навлезе и во селото Стар Истевник.

Како што информира Васил Маневски жител на село Тработивиште зафатена е и месноста Браниград, а пожарот неконтролирано се движи кон село Тработивиште.

Во огнената стихија забележливи се и хеликоптери кои учествуваат во гаснењето, додека на терен се и преку 100 луѓе кои даваат теренска поддршка за гаснење на најголемата огнена стихија која како што велат жителите досега не е запаметена во делчевско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот