Апел од Пановски: Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Последен апел до здравствените власти. Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат, се обрати микробиологот Никола Пановски на својот Фејсбук профил.

-Последен апел до здравствените власти. Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат. До сега за 18 месеци од почетокот на пандемијата починле 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги “врвните експерти” кои ве убедија во таа глупост. Користете ги вакцините разумно за здравје, за имунитет, не ги потценувајте вакцините, тие не заслужуваат да се вбризгаат со исклучива цел за добивање аусвајс, пишува проф. д-р Пановски во колумната на платформата „Окружење“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот