Апел од Бочварски и Наумоски: Опозицијата да го одблокира носењето на законот за нов Клинички центар

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска упатија апел до опозицијата да го одблокира носењето на Законот за новиот Клинички центар.

– Апелирам уште еднаш и до Собранието, до пратениците, до опозицијата да не го блокираат градењето на Клиничкиот центар којшто е многу значаен објект за Скопје, но и за целата држава, истакна министерот Бочваровски.

Тој рече дека на средбата со градоначалникот Наумоски разговарале за инфраструктурни прашања и проблеми, со акцент на Клиничкиот ценатар кој треба да се гради во општина Ѓорче Петров.

– Тоа е најзначаен проект за државата и многу е важно да се реализира. За реализација на проектот вклучени се многу институции коишто работат на решавање на овој голем проблем или прашање кое треба да се реши во идниот период, рече министерот.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, исто така, апелираше да се одблокира законот.

– Упатуваме апел до Собранието, да се одблокира законот, за Ѓорче Петров да го види благодатот од најголемата историска гринфилд инвестиција од самото постоење на државата, рече Наумоски.

Законот за изградба на нов Клинички центар беше блокиран во Собрание со поднесување на  2000 амандмани од страна на опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот