Апел на германскиот гигант: Престанете да тврдите дека Хитлер беше наш навивач

Екипата на Шалке остро реагира на тврдењата дека германскиот диктарот бил нивен навивач.

Британскиот „Тајмс“ објави текст за 50. најпознати фудбалски навивачи, каде листата на сочинуваа лошите момци, и очекувано на неа мораше да има место за Адолф Хитлер. Весникот пишува дека диктаторот бил навивач на Шалке.

На овој текст, експресно реагираше тимот од Гелзенкирхен, кој не сака да го поврзуваат со еден од најзлобните луѓе во историјата на човештвото и виновникот за Втората светска војна. Од Шалке тврдат дека Хитлер никогаш не присуствувал на нивен натпревар, а никогаш не рекол дека навива за нив, од клубот тврдат дека тој дури и го презирал фудбалот.

„Би сакале да знаеме од каде ја добивте оваа информација. Повеќе пати проверивме дали клубот од 1993 до 10045 преименувал некоја трибина во „трибината на фирерот“, дури ги изгледавме сите епизоди на серијата „Ало,Ало“ за да дојдеме до некој доказ – и не успеавме да најдеме ништо. Можеби бил навивач од фотелја бидејќи ниту еднаш не дошол на стадион да го гледа Шалке, дури ниту на олимпискиот стадион во Берлин кога се боревме за титулата. Можеби бил преокупиран со геноцидот или едноставно не го сакал фудбалот“, стои во одговорот на ПР тимот на Шалке кој потоа додава.


„Шалке освои шест титули за време на Третиот рајх и авторите на научната студија која ја објавивме во 2004 година, проверуваа дали титулите се освоени поради поддршката на нацистите. Резултатот на истражувањето беше јасен: таа теорија е глупост. Фиозиономијата на фудбалерите не се вклопуваше во идејата на Хитлер за супериорна германска раса, а еве уште еден податок за вас, Хитлер присуствувал на само еден фудбалски натпревар во 1936 година.

Тоа што Хитлер бил навивач на Шалке бидејќи освои највеќе титули за време на неговиот режим, значи дека Маргарет Тачер била навивач на Ливерпул. Интересно, таа не „влезе“ на вашата листа“, брутално одговорија од Шалке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот