Апел до граѓаните да купуваат навреме, а не пред самиот полициски час

На денешниот состанок кој го организираше Општина Велес со сопственици на маркети и магацини на прехранбени производи беше упатен апел до граѓаните да купуваат навреме, а не пред самиот полициски час, за да не се прават непотребни турканици пред влезовите на маркетите и за да не се загрозува нивното здравје.

– Доколку имаат потреба за одредени намирници од маркетите, да ги набават пред почетокот на полицискиот час за да не се создава непотребна гужва пред влезовите на продавниците, a воедно при движење во внатрешноста на објектите да се почитува мерката за одржување растојание помеѓу купувачите, соопшти Општина Велес.


Воедно, ги 
 известува граѓаните дека за време на полицискиот час во деновите сабота и недела, ДПТУ „Жито маркети” Велес ќе врши достава преку онлајн-нарачки за намирници, пред сè до граѓаните кои се од ранливите категории, стари и изнемоштени лица, лица кои живеат сами.

Се препорачува оналајн-нарачките граѓаните да ги прават за најнеопходни производи, а за количината и видот на набавката за достава до домот на нарачателот, ќе одлучи самиот економски оператор во зависност од вкупната вредност на набавката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот