Апатурај: Еден од преостанатите предизвици за НАТО на Западен Балкан е односот меѓу Белград и Приштина

Фото: EPA/ZURAB KURTSIKIDZE

Еден од преостанатите големи предизвици на Западен Балкан е односот меѓу Белград и Приштина и НАТО сака да стори се што може за да може да се реши тоа, рече Џејмс Апатурај, заменик помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика.

– Не остануваат многу суштински предизвици на Западен Балкан, но еден од нив е односот меѓу Приштина и Белград и решавањето на ова прашање. Затоа, сакаме да сториме се што можеме за да придонесеме за тоа, рече Апатурај во интервју за Слободна Европа.

Тој, исто така, истакна дека КФОР ќе остане на Косово и ќе продолжи да ја работи својата работа, а тоа е – безбедно опкружување.

Зборувајќи за ставот на НАТО кон безбедносните сили на Косово или потенцијалната идна косовска војска, Апатурај рече дека размислува за каков вид реформска поддршка ќе им обезбеди НАТО.

– Ова е практична, но и политичка дебата околу импликацијата на Косово, како и на односите на Косово со соседите. Сепак, не е тајна дека Алијансата има проблем со државите што го признаваат и не го признаваат Косово. За нив, ова е комплицирано прашање. Мораме за тоа да расправаме малку повеќе и скоро сум сигурен дека ќе има некои последици, но се уште не сме стигнале до тоа, рече тој.

На прашањето дали тие последици ќе влијаат на КБС или на Косово, Апатурај рече дека , „вистинските последици ќе се однесуваат на поддршка за КБС или косовската армија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот