Апатурај: Членството на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање

Фото: EPA/ZURAB KURTSIKIDZE

Зачленувањето на Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за Радио Слободна Европа.

– Единствена отежнувачка околност е застојот во Шпанија околу формирањето влада. Знаете дека имаа неколку избори и едноставно немаат механизми за формирање влада, по што би можеле да се преземат следните чекори – наведува Апатурај.

Тој потенцира дека НАТО ги почитува роковите, нагласувајќи дека очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на „почетокот на пролетта”.

Апатурај наведува дека на Самитот на НАТО што ќе се одржи на почетокот на декември во Лондон, „на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на прагот и дека наскоро ќе и се придружи” на Алијансата.

Заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО во интервјуто нагласува и дека Алијансата останува посветена на безбедноста на Западен Балкан.

– Таму имавме воени операции и се уште ги имаме. Имаме програма за реформи со секоја држава (од регионот) што не е членка. Имаме три канцеларии во регионот што ги поддржуваат реформите. Граѓаните на целиот регион можат да бидат целосно сигурни дека НАТО е посветен на Западниот Балкан и дека и ќе остане така, потенцира Апатурај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот