Апасиев: Ние сме учени без пари, не ни е страв пак од нула да почнеме!

Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума ПАРИ на Левица во пропаднатата Еуростандард банка. И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив, реагираше на својот фејсбук профил, лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

-Ние сме учени без пари. Онака, баш герилски и партизански. Во тоа, всушност, лежи нашата сила! Уште пред повеќе од една деценија, почнавме буквално од нула да градиме автентично политичко движење, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нас никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина. Оти сме троскот. Не можете нас да нè искорнете! Во тоа е нашата незгодност. Ние сме тие лоши, ЦРНИ, малечки гадови! Проклет да бидам, таква ни е ѕвездата. Кај и да одиме, се бориме со милион интриги. Нè ловат како некои ѕвериња. Ама па и ние, проклет да бидам, и ние не се даваме! Чуден некој сој сме! – напиша Апасиев.

Прочитајте и...  Вархеји го честиташе формирањето на новата Влада на Србија

Поврзани вести

Драма во Германија: Автомобил удри во група луѓе, 12-годишно момче загина

Слободен печат

Мицкоски: Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа

Слободен печат

Од понеделник граѓаните ќе можат да направат брзи тестови по цена од 1000 денари

Слободен печат

По невидената рецесија економијата на САД порасна за 33 отсто во третото тримесечје

Илинка Иљоска

Некои граѓани не ја есапат изолацијата: Прво отишол на тестирање, па низ град, па на матичен лекар, па позитивен резултат!

Мирослава Бурнс

Не е лошо ако ви паднат антителата за коронавирус велат британските експерти. Финтата е во мемориските клетки

Илинка Иљоска

Остави Коментар