Апасиев: На наредни избори Левица ќе има двоцифрен број пратеници

апасиев
Димитар Апасиев, лидер на Левица

Не очајувајте, другари долг е патот на борбата! Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор, напиша на Фејсбук Димират Апасиев лидер на политичката партија Левица.

-Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“ – стои во неговиот пост.

Апасиев дополни дека денеска ќе имаме прес, ќе ги изложат сите нивни ставови.

-Главата горе . И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме- напиша тој.

Нова симулација на ДИК, Левица со 2 пратеника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот