Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата  по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова е, рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја”. Соопшти дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

– Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат” во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници – рече Апасиев.

Прочитајте и...  Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Незадоволен е од изборниот модел кој, рече, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и  тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието за промена во една изборна единица.

– Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните. Затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас, рече Апасиев.

Прочитајте и...  Силен земјотрес во Северна Каролина

Но е презадоволен, рече, од изборните резултати со ваков изборен модел, нагласувајќи дека „Левица направи невиден скор во историјата на независна Македонија, која го нема направено ниту една политичка партија на овој изборен модел”.

– Презадоволни сме од граѓаните кои дадоа официјано 40 илјади плус 10 илјади украдени односно околу 50 илјади гласови, што е пет пати повеќе од изборите во 2016. Тоа покажува дека идеологијата на Левица фаќа корен во народот. Веруваме дека ќе има наредни предвремени парламентарни избори, бидејќи е ова Пирова победа. Кој и да состави влада нема да може да ја одржи до крај. На наредните избори Левица ќе влезе со двоцифрен број пратеници – рече лидерот на оваа партија.

Прочитајте и...  Поплавата во Велес остави пустош: Во Превалец урнати куќи, оштетени улици и затната канализација (ФОТО+ВИДЕО)

На новинарско прашање одговори дека засега немаат контакти со ниту една партија и веројатно преговори ќе има откако ќе биде даден мандатот за формирање влада, но, рече, „начелно со СДС и Заев нема што да разговараме”.

Прочитај повеќе

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Половина од објавените фирми се раздолжија кон вработените – Кој не исплатил кривично ќе одговара

Слободен печат

Во Дебар три новозаразени и едно починато лице од Ковид-19

МИА Агенција