Апасиев и Крмов со велосипеди на првиот работен ден во Собранието

Пратениците од Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов пристигнаа со велосипеди на првиот работен ден во Собранието каде се одржа првата конститутивна седница.

-Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом!

Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!

ПС Како што најавивме, нашите пратеници пристигнаа во Собранието со велосипе, стои во објавата на Левица на Фејбсук.

Апасиев на Фејсбук допиша:

-Чим им влеговме нема излегување, и го додаде хаштагот „Бравата ќе ја смениме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот