Апасиев го осуди нападот врз Палески: Насилството раѓа насилство

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, го осуди нападот врз Љупчо Палески, предупредувајќи дека насилството раѓа ново насилство.

-Сега ви е појасно дека мојот собраниски говор при изборот на оваа (страхо)Влада, кога ја споредив со тиранија, воопшто не беше хиперболизирање Ако ова лудило на властодршциве продолжи, да не влечат по затвори, судови и обвинителства и да не тепаат до смрт – ќе бидеме принудени да формираме наша народна црвена милиција за одбрана и заштита од силеџиите спопикани во секоја пора на власта! Не си играјте со оган. Насилството раѓа насилство- напиша Апасиев на фејсбук.

Претепан активистот Љyпчo Пaлeвcки, лекарите се борат за неговиот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот