Антонио Милошоски остана без нотарска лиценца

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Министерството за правда ја одзеде дозволата за работа на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски поради неговата пратеничка функција кој, на тој начин останува без нотарската дозвола и разрешен е од нотарската служба.

Решението за ставање во мирување на неговата нотарска функција тогаш било поради мандатот кој сега е истечен, а сега е почнат нов што се потенцира како причина за одлуката за негово разрешување во службата.

Милошоски, на ваквото решение, може да поднесе жалба, но и спор пред Управниот суд, што веќе и го направил.

– Предметот е кај Народниот правобранител, тие би можеле да коментираат во оваа фаза, кусо одговори за Слободен печат пратеникот Антонијо Милошоски.

Милошоски доби нотарско решение во 2016 година за кое истата година поднел барање за ставање во мирување додека е член на законодавниот дом. Барањето му било прифатено и по издавање на лиценцата, истата ја ставил во мирување.

По изборите во јули годинава Милошоски, кој пак стана пратеник не поднел барање за продолжување на ова „мирување“. По 2016 година беше донесен новиот Закон за нотаријат и во него се наведува дека нотарската функција е неспоива со вршење на друга платена јавна функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот