Антонио Јолевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Антонио Јолевски/ Фото: Фејсбук

Следните две години претседател на Советот на јавни обвинители (СЈО) ќе биде јавниот обвинител Антонио Јолевски. Ова е одлучено на денешната 32-ра седница СЈО на Република Северна Македонија, односно за Јолевски гласале сите 11 члена на советот. Освен Јолевски, друг кандидат за претседател на СЈО не бил пријавен.

Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот