Антонио Бандерас ќе биде дел од „Индијана Џонс 5“

антонио бандерас индиана џонс харисон форд
ФОТО: Инстаграм

Антонио Бандерас е најновиот член во очекуваната следна епизода во франшизата „Индијана Џонс“. Бандерас склучил договорот да се приклучи на филмот за да глуми заедно со Форд, кој се враќа како нашиот омилен археолог. Во „ѕвездениот“ ансамбл се и Фиби Валер-Бриџ, Мадс Микелсен, Бојд Холбрук и Шонета Рене Вилсон, пренесува „Deadline“.

Џејмс Манголд ја презема режисерската улога од Стивен Спилберг, кој сè уште работи како продуцент и е вклучен во различни елементи на филмот. Кетлин Кенеди, Френк Маршал и Симон Емануел му се придружуваат на Спилберг како продуценти.

Џон Вилијамс, кој работел на филмската музика во 40-годишната франшиза, вклучувајќи ја и нејзината иконска воведна шпица, исто така ќе се врати како композитор. Џез Батерворт, Џон-Хенри Батерворт и Манголд го напишале сценариото.

Продукцијата била во тек, а филмот треба да започне со снимање на 29 јули 2022 година. Деталите за приказната сè уште се нејасни и за тоа каква нова авантура го чека Џонс, како и деталите за тоа каква улога ќе игра Бандерас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот