Антонијо Милошоски го нападна амбасадорот Жбогар

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Точно е пропишано кај нас за што се употребува европското знаменце, но Владата го злоупотребува дури и за донесување на законот за марихуана, а делегацијата молчи за тоа, го обвини Милошоски амбасадорот за време на расправата во Комисијата за европски прашања на која беше и Жбогар гостин.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини денес евроамбасадорот Семјуел Жбогар за непринципиелност бидејќи како највисок преставник на ЕУ во земјава не реагирал кога се злоупотребувало европското знаменце за усвојување закони што и требаат на власта.

– Точно е пропишано кај нас за што се употребува европското знаменце, но Владата го злоупотребува дури и за донесување на законот за марихуана, а делегацијата молчи за тоа, го обвини Милошоски амбасадорот за време на расправата во Комисијата за европски прашања на која беше и Жбогар гостин.

Тој отиде и подалеку обвинувајќи ја ЕУ за празни зборови, т.,е. ветувања, повикувајќи ја власта да не ги зголемува очекувањата околу датумот за преговори што треба да стигне до мај, бидејќи такви ветувања добиваме од 2003 година, кога беше усвоена Солунската агенда, па го цитираше Хавиер Солана од 2009-та – дека само што не била донесена таква одлука.

– Двапати веќе славевте датум за преговори, не ги зголемувајте очекувањата зошто не ни треба разочарување по третпат, порача Милошоски. Тој рече дека за новата методологија, што се најавува дека треба да биде усвоена до март, веќе има премногу забелешки од земјите членки, дека веќе еднаш се одложи нејзиното објавување и дека секогаш се наоѓаат многу добри изговори таа тема да се одложи уште еден семестар бидејќи за највлијателните земји членки проширувањето не е приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот