Антониа Гиговска: Спокојот на Пелистер ме подготвува за нови музички дела

Фото: Инстаграм

Младата поп пејачка Антониа Гиговска, од почетокот на нејзината кариера публиката ја помни со бројните награди на македонските и интернационалните фестивали.

За „Слободен печат“ открива дека летово ќе го искористи слободното време за да ја истражува нашата земја.

„Поради ситуацијата во која се наоѓаме Охрид секако не може да ни избега, но во последниов период навистина уживам во природата. На некој начин се пројавува желба во мене да откривам нови предели и убавини кои ги поседуваме.“, вели таа.

„Знам дека не сум единствена во ова, бидејќи забележувам дека пријателите и колегите веќе се впуштија во овие авантури низ земјава“ – додава Гиговска.

Некогашната учесничка на „Пинкови звездички“, која денес со својот глас на музичката сцена донесе извонредни рефрени, релаксацијата ја наоѓа во мирните и тивки предели како инспирација за нови музички творби.

„Има некоја посебна магија, те привлекува, те вдомува и постепено стануваш зависен од мирот и спокојот.  Последно каде што бев е Пелистер. Тоа ми ги полни батериите за да можам повторно да влезам во студио и со тимот да креираме неверојатни музички дела.“ – потврдува Гиговска.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот