Антологија: Кратки книжевни форми на три јазици

Тријазичната мала тематска антологија на македонски книжевни автори и авторки „Да сум на твое место“ (Αν ήμουν στη θέση σου / If Ι were in your place) е првото издание објавено под етикетата на „Булевар ослободување“. Антологијата е објавена на македонски, грчки и англиски јазик и содржи кратки книжевни форми (песни и кратка-кратка проза) од 13 современи македонски книжевни автори и авторки. Приредувач и издавач на антологијата е Живко Грозданоски, кој, исто така, ги подготвил графичкиот дизајн и преводот на англиски јазик, а предговорот е на Илина Јакимовска. Преводот на грчки јазик е на Емилија Мајсторова-Стојановска и Софија Григориаду.

Во антологијата се застапени кратки текстови од Влада Урошевиќ, Иван Шопов, Николина Андова Шопова, Александар В. Станојков, Душко Крстевски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Ѓорѓи Крстевски, Искра Донева, Жарко Кујунџиски, Исток Улчар, Мане Манушев, Владимир Мартиновски и Жил Менар (псевдоним на Живко Грозданоски).

– Оваа мала тематска антологија не претендира да понуди широк преглед на современата македонска книжевност, туку – под светлината на темата „замена на места“ – има за цел да претстави само некои од повпечатливите писателски имиња кај нас, пред сѐ, автори и авторки на кратките книжевни форми – истакнува приредувачот Грозданоски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот