„Антолог“ објави потресен роман за бездомништвото и пријателството

Делфин де Виган

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, во рамки на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“ ја објави книгата „Но и јас“ од светски познатата авторка Делфин де Виган. Според книгата е снимен и истоимениот филм од 2010 година.

Делфин де Виган (1966) е француска писателка. Авторка е на единаесет романи и на неколку филмски сценарија. Вниманието на јавноста го привлекува со наградуваниот роман „Но и јас“, објавен во 2007 година.

За своите книги има добиено неколку од најзначајните француски награди за книжевност, а делата ѝ се преведени на повеќе од дваесет светски јазици. Во изданието на „Но и јас“ на македонски јазик преводот од француски е дело на Ацо Пероски, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на Министерството за култура на РСМ.

Едицијата „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови“ е проект на „Антолог“, во чии рамки пред македонската читателска публика ќе бидат претставени десет прозни дела од врвни европски автори, преведени на македонски јазик од докажани преведувачи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 95, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот