Антоан Фукуа ќе снима филм за животот на Мајкл Џексон

Фото: EPA/AARON LAMBERT

Кралот на попот стана најуспешниот и највлијателниот музичар на сите времиња во својот живот. Мајкл Џексон е најнаградуваниот пејач во историјата. Има соборено дури 23 Гинисови рекорди и има продадено повеќе од 850 милиони примероци од албумот „Thriller“ .

За него кружеа разни приказни, но едно е сигурно, Мајкл Џексон беше уметник кој никој нема да може да го замени, неговата автентичност не се заборава. Тој и денес има милиони обожаватели, а неговите песни се слушаат насекаде низ светот.


Американскиот режисер Антоан Фукуа ќе снима биографски филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.

„Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива“ – изјави Фукуа.

Режисерот на „Training Days“ (2001) и „The Righteous“ (2016) се присети дека неговите први дела биле видеа и дека сè уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by leopoldo (@tal_do_mula06_)


„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brypool (@brypool1)


Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.

Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by me (@loveyoumoremichael)


Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ или „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи. Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање, во 2009 година.

Ќерката на Мајкл Џексон порасна во вистинска убавица: Овој совет од нејзиниот татко таа никогаш нема да го заборави!

Мајкл Џексон бил хемиски кастриран: Докторот ја откри вистината за неговиот татко

Најпродаван албум на сите времиња: 40 години од „Трилер“, ремек-делото на Мајкл Џексон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот