Антиваксерите се надминаа себеси: Платиле 400 евра за да им вбризгаат вода, но наместо вода добиле вистинска вакцина

вакцина
Вакцинирање / Фото: Профимедиа

На што се се подготвени антиваксерите само да не примат вакцина, покажуваат последните нивни постапки во Грција.

Група луѓе кои се со изразени антиваксерски убедувања, дошле на идеја да се вакцинираат со лажни вакцини и платиле 400 евра. Секако, не можеле да ја проверат содржината на вакцините, не знаеле како да ги проверат, па на нивно изненадување наместо вода тие всушност примиле вистинска вакцина, наведува Кип Токинг Грис (КТГ)

Ова не е изолиран случај, масовни лажни вакцини се прават во десетици центри за вакцинација низ Грција. Надоместокот за мито за лекарите и медицинските сестри е 400 евра, пишува КТГ.

Сè се одвивало под превезот на тајност, а потоа се случила шоканта ситуација: Иако лекарите си го земале митото од 400 евра, наместо да им инјектираат обична вода им ја дале вистинската вакцина, и така успеале да избегнат да сторат сериозно кривично дело

Помеѓу 100 и 200 центри за вакцинација од вкупно 2.000 и околу 300 лекари и медицински сестри биле вклучени во лажни вакцини или во обиди да се променат податоците за вакцинација, тврди КТГ.

Се проценува дека над 100.000 граѓани земале лажни потврди за вакцинација со незаконски методи.

Вакцинација во Франција
Вакцинација / Фото: EPA-EFE/Caroline Blumberg

 Инспекторите ова го откриле преку вкрстени проверки на центрите за вакцинација во Атина, и неколку области на Пелопонез.

Сега, антиваксерите, иако кривично ќе одговараат, не се во целосна загуба – бидејќи имаат антитела.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот