Антисемитизам во Хамбург: Лице во воена униформа нападнало еврејски граѓанин со лопата пред синагога

Фото: EPA/JAN WOITAS

Германската полицијата денеска уапси маж кој нападна и тешко повреди еврејски граѓанин во близина на синагога во северниот дел на Хамбург за време на празникот Сукот.

Жртвата е на возраст од 29 години и во нападот се здобил со сериозни повреди на главата по ударите со лопата што ги нанел напаѓачот, јавуваат германските медиуми.

Портпаролот на полицијата нагласи дека против 29 годишниот напаѓач е поднесено обвинение за нанесување на тешки телесни повреди.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го оквалификува инцидентот како антисемитски и ги повика Германците да покажат поголема граѓанска храброст.

– Ова не е изолиран инцидент, ова е ужасен антисемитизам и сите мора да се спротивставиме“, напиша Мас на Твитер.

Напаѓачот, како што објавија германските медиуми, носел воена униформа слична на онаа што ја носеше неонацистичкиот напаѓач во Хале, пред речиси една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот