Антирасистички протести ширум Германија: Полицијата ги пофали демонстрантите
Антирасистички собир се одржа и во Лајпциг каде се собраа 1,4 илјади луѓе, како и во градовите Фрајбург, Кемниц, Детмолд, Плауен, Мунстер и Пасау.
Околу 8 илјади лица се собраа во Берлин, објави полицијата, додека организаторите сметаат дека ги имало многу повеќе од 20.000.
Многу од нив носеле заштитни маски и одржувале дистанца, во склад со мерките за борба против коронавирусот.
Транспаренти со натписи „Животите на Црнците се важни“
Со врвки во рацете меѓу Бранденбуршката порта и квартот Нојкелн, оддалечени 9 километри, формираат шарен човечки синџир на солидарноста.
Демонтрантите носеа натписи како “Black Lives Matter” и „повеќе средства за образование“, а собирот се организираше под хаштагот “Untelibar”, што значи „неделив“.
Полицијата ги пофали протестантите
Берлинската полиција го пофали собирот зошто се почитуваа мерките против коронавирус, а пристапот на организаторот го нарече одржлив.
Полицијата во Хамбург објави дека 840 луѓе формирале човечки синџир користејќи шарени ленти за притоа да се одржи дистанца. Со синџирот го поврзаа градското собрание го главната железничката станица.
Антирасистички собир се одржа и во Лајпциг каде се собраа 1,4 илјади луѓе, како и во градовите Фрајбург, Кемниц, Детмолд, Плауен, Мунстер и Пасау.