Антикризните закони утре во Собранието на „брза лента“

фото МИА

Попладнево претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцунски закажа две седници, 17-та и 19-та. На правата е Предлог – законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Постојното законско решение предвидува финансиска поддршка од 6 000 денари, а корисниците треба да ја искористат исклучиво за купување на македонски производи.

Согласно првичните проценки, еднократна помош требаше да добијат околу 254 500 граѓани, но поради кусите рокови одреден број на граѓани не можеа да го остварат ова право.

Со донесувањето на Законот ќе се продолжува рокот до 31 март, кој веќе е пробиен поради блокада со над 4 000 амандмани поднесени на Законот од опозициската коалицјиа Алијанса и Алтернатива, на сметка на носење на Закон за државјанства.

Со донесување на законот околу 22 000 граѓани кои добија финансиска поддршка а кои не ги ажурираа своите податоци во банките и 2 132 граѓани на кои им се уважија приговорите ќе можат да ја искористат финансиската поддршка за што во буџетот беа безбедени 144 милиони денари.

Во Предлог – законот пишува дека „на овој начин ќе се остварат проценките за позитивното влијание од оваа мерка во насока на ублажување на падот на економската активност во земјава“.

На утрешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред се трите законите од петиот сет економски мерки. Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавируост за месеците февруари и март 2021 година; Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците феруари и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.

Со првиот Предлог-законот од петтиот сет економски мерки се уредува финансиската поддршка, односно исплатата на плати за февруари и март, во износ од 17 410 денари по лице-вршител на самостојна дејност ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат дејност погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот ковид-19 за исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице-барател на финансиската подршка врши трансакции за дејноста.

За вториот закон од петтиот сет економски мерки, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, Владата обезбеди 30 милиони евра поддршка за исплата на платите на работниците кај работодавачотбарател на финансиска поддршка за месеците февруари и март во износ најмногу до 21 776 денари месечно по работник.

И со третиот – Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, се предвидени следниве:
– ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година за обврзниците на данокот на личен доход по основ на остварен доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на вирусот COVID-19 и
– 50% пониски аконтации на данокот на личен доход во 2021 година за лицата кои остваруваат доход од вршење на занаетчиска дејност и се оданочуваат според паушално утврден нето доход.

Собраниски извори велат дека конечно добро е што е откочен процесот, но дали законите ќе бидат донесени уште утре на пленарна седница, ќе зависи од дебатата во комисиите. Не се исклучува можноста економските закони за помош на загрозените од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот да биде закажана и утре после 18 часот, по дебата за Националнта стратегија за борба против корупцијата. Утре на координација кај спикерот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи ќе ја утврдуваат работата за текот на собранискиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот