Антикорупциска отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски”

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за разгледување на начинот на доделување на државната награда за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието и културата „Св. Климент Охридски” што ја доделува Министерството за образование и наука.

Според претставката поднесена од поранешна професорка, државната награда во висина од 4.000 евра е се доделува нетранспарентно и без конкретни критериуми и најмалку е достапна за професори и лица кои работата во образованито, а ја добиваат високи функциониери.

ДКСК донесе одлука да се отвори постапка за истражување на наводите од пријавата, така што ќе се побараат информации за доделувањето на наградата за една година, и тоа од одлуката за отворање на конкурсот, формирање на комисија, до изборот на добитниците.

Заменик-директорот на ДКСК Нури Бајрами информира дека на денешната 19-та седница за разгледување има вкупно 26 предмети, од кои седум за следење на имотната состојба, 11 за корупција и осум за судир на интереси.

ДКСК информираше дека се затворени предметите за непотполнети анкетни листови против градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски, деканот од УКИМ Зоран Јаневски, деканот од Универзитетот во Тетово Аким Исмаили и заменик деканот Ќебир Азиру кои ги платиле глобите во предвидениот рок и доставиле пополнети анкетни листвоти.

Од разгледаните предмети за спречување на корупцијата најголемиот дел се однесуваа за постапки вработувања во општини и јавни претпријатија.

ДКСК одлучи да отвори истрага за разгледување на наводи од пријава на граѓаник, учесник во воен конфликт за прекршени одредени права при вработување во општината каде живее, откако бил одбиен на конкурс на кој конкурирал. Комисијата ќе ја истражува и зошто државниот пазарен инспекторат веќе четири месеци не постапува по претствака од граѓанин против градоначалник на општина и градежен инспектор за безправно градење на згради.

Комисијата донесе одлука за отворање истрага за наводно вработување на деца на помошници директори и службени лица во едно јавно претпијатие на оглас од 2018 година за вработување на 24 јавни службеници и 33 даватели на услуги во тоа јавно претпријатие.

На денешната седница ДКСК разгледа осум предмети за судир на интереси. Најголемиот дел, како што појасни Софка Дојчиновска, се анонимни пријави од граѓани и се однесуваат на непотизам и постапки при вработувања.

ДКСК, донесе одлука да се отворат истраги за наводи за непотизам при вработување на ќерка на вработен во кабинет на генерален директор во ЕЛЕМ, за партиски вработувања во општински претпријатија и училишта, за директорка во здравствен дом која вработувала роднини, за вработување на сопшрува на совтеник во општина и други случаи.

Видео на денот