Антикорупциска ќе проверува дали Заев може да биде и премиер и министер - Слободен печат
ВестиМакедонија

Антикорупциска ќе проверува дали Заев може да биде и премиер и министер

Антикорупциска отвори расправа дали има судир на интереси во случајот со Заев.

Државната комисија за спречување на корупција ќе го разгледа предлогот премиерот Зоран Заев да биде и шеф на Владата и истовремено министер за финансии. Антикорупциска отвори расправа дали има судир на интереси во случајот со Заев.

Засега, ДКСК поради сомневањата за можни конфликти на улогите кај Заев, го разгледува предлогот на Владата. Членот 44 од Законот за спречување на корупцијата предвидува судир на интереси, но предлогот во Собранието не е во спротивност со Законот за Владата.

Затоа, Антикорупциска ја разгледува можноста за толкување.

Се очекува Владата да го повлече предлогот на Заев, тој да биде и министер за финансии но, неизвесно е дали Тевдовски ќе остане да го води овој ресор како министер за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close