Антикорупциска ќе ја продолжи битката со Ѓорге Иванов

Фото Слободен печат

Државната комисија за спречување на корупција на Виш суд ќе ја обжали пресудата на Управниот суд со која треба да ја повлече прекршочната пријава поднесена против поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, заради унапредувања во армијата за време на изборна кампања.

-Ова се правни тактики, би можела така да кажам, но ќе се бориме. Има институции има судови. Дали воопшто Управниот суд е надлежен да постапува по нашите одлуки во овој конкретен случај или нема, ќе видиме, вели Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

Во одлуката Управниот суд наведува дека ДКСК не го повикал Иванов да ги изнесе своите аргументи со што му го ускратила правото на еднаквост во постапката, а и не му ја доставила својата одлуката, туку само ја објавила на веб-страницата на Комисијата. За Управен спорно и тоа што ДКСК не обезбедило докази дека се исплатени парични средства за поставувањата и унапредувањето кои ги направи Иванов во Армијата.

Ивановска најави дека не е исклучена опцијата Собранието да биде крајната инстанца до која ќе се обратат за овој случај, бидејќи Собранието е тоа пред кое ДКСК одговара за своето работење.

Антикорупциска на крај од април поднесе две прекршочни пријави против Иванов за укази за поставување и унапредува во АРМ објавени во изборен период, со што тој го прекршил Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Неговиот наследник претседателот Стево Пендаровски, во јули ги поништи указите, но истовремено со нови укази Спотврди две од одлуките на Иванов за поставувањата на генералските позиции, три преиначи, а унапредувањето по чин законски не може да се поништи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот