Антикорупциска ќе го испитува договорот за кадриохируршки операции на децата во „Жан Митрев“

Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрв“, со која Фондот за здравствено осигурување има склучено договор за кардиохируршки операции. Антикорупциската комисија ќе испитува дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу ФЗО и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев, нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.

Како што беше кажано на прескоференцијата во Владата, што ја држеа министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗО Ден Дончев, во овој случај нема никакво договор з ајавно-приватно партнерство, туку беше проширен договорот што приватната болница со имаше со ФЗО.

Чадиковски и неговиот тим во од јануари годинава од Клиника за детска хирургија преминаа да работат во „Жан Митрев“. Покрај Чадиковски од приватната болница си заминаа и двајца анестезиолози, кои таму дојдоа во истиот пакет. Од Министерството за здравство изјавија дека ова не менува ништо и дека кадриохируршките операции кај бебињата со вродени срцеви мани ќе продолжат да се изведуваат во „Жан Митрев“. Единствено не дадоа одговор кој ќе ги оперира бебињата, со оглед на тоа што Чадиковски е единствен лиценциран кардиохирург во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот