Антикорупциска ќе „чешла“ зошто Иванов го одбра Џевахир

Фото Слободен печат

Антикорупциската комисија ќе проверува дали има непотизам или судир на интереси во одлуката на досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов  да закупи канцеларии во зградите на Џевахир.

Сопственик на становите е фирмата „Турмак“ во сопственост на Есап, Хамит и Јусуф Џефахир, семејството со кое Иванов има кумашински релации.

Закупот за двата стана со површина од 274 метри квадратни кои во петокот СОЗР ги изнајми на барање на Иванов за негов кабинет во зградите на Џевахир е во висина од 1,950 евра месечно, соопшти компанијата попладнево.

Договорот е склучен во времетраење од една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот