Антикорупциска го прифати повикот на Заев – Ќе го чешла имотот на судиите и обвинителите

Државната антикорпциска комисија пресече со годишниот план за 2020 година, ќе го чешла имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства.

„Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година“, пишува во соопштението на ДКСК.

Од денешната седница на Антикорупциската комисија, антикорупционерите објаснуваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Оттаму Велат дека подотовката на Националнта стратегија е во тек. Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на Државната комисија.

„Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство“, пишува во сооштението на ДКСК.

За понудата на премиерот Заев дека на располагање ќе ги стави сите капацитети на извршната власт, за ефикасно спроведување на постапките за испитуање на имотната состојба, Антикорупцкиска смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолженија. Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално-технички услови и вклучување на други истражни органи.

„Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на македонскта Влада“, велат од ДКСК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот