Антикорупционерите повторно со апел да се избегнуваат агенциите за привремени вработувања

Директор на јавно претпријатие во Делчево си ја вработил ќерката, па заработи прекршочна пријава. Антикоруциската комисија, постапувајќи по случајот, утврди дека како орган треба да биде известена од страна на директорот дека вработува блиско лице, но тоа не го сторил, со што ги прекршил процедурите за вработување.

Инаку, неговата ќерка, согласно целокупната документација која била на располагање на антикорупционерите, претходно повеќе пати била ангажирана со договор за вработување преку агенција за привремени вработувања. ДКСК континуирано апелира апелира јавните институции и органи да не ангажираат лица со привремени вработувања преку агенции, бидејќи тоа создава конкурентска предност при изборот на кандидати од јавниот оглас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот