Антикорупционерите ќе бараат информации од Управата за финансова полиција за бонусите на СЈО

Фото: Слободен печат/ Даган Митрески

Дополнителните приходи на обвинителите од работењето во СЈО ќе се најдат под лупа на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од Антикорупциска велат дека ги следат информациите со исплатата на бонусите кои ги добивале обвинителите, но велат дека засега нема да се оформи предмет.

-Членовите на антикорупциската комисија првин на колегиум ќе го анализираат случајот. Со оглед дека и други институции најавиа истрага за сумите кои СЈО ги исплаќало на обвинителите, ќе почекаме да ги видиме резултатите од тие истраги па дури потоа ќе одлучиме дали комисијата ќе отвори предмет. И во тој случај, ние ќе бараме информации од институциите кои се надлежни за финансиското работење, како што се Управата за финансова полиција и Државниот завод за ревизија- велат од антикорупциска.

Според аналатката „отворени финансии“, екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, во својот четири годишен мандат освен плата, земала дополнителни 157 илјади евра како додатоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот