Антиќ: Не гледаме на годините и мандатите, младите се на прво место

Фото: КФСМ

Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонијa и во наредните четири години, беше одлучено на денешното изборно Собрание.

Откако ја доби довербата, претседателот Антиќ потенцираше дека во новиот мандат целта е да се работи подобро од претходниот и да се задржи подемот на мак-баскетот кој е присутен, посебно кај сениорскиот тим.

„Ние не гледаме на годините и на мандатите, сакаме само да работиме и да продолжиме да создаваме услови. На стартот на првиот мандат имавме проблеми со коронавирузот, но сега сме на нозе, поискусни и знаеме на каде се движиме. Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови и на тоа работиме“.

И во новиот мандат, целите остануваат високи…

„Секако, создавање на подобри услови за развој на младите. Младите се број еден и на сите треба да се концентрираме. Исто и во А-репрезентацијата гледаме да имаме што е можно помлади играчи, да не чекаме да наполнат 30 години, па да ги вклучуваме. Сакаме да им дадеме шанса на сите таленти да покажат што можат. Смената на генерации некогаш е неминовна. Така беше со нас по таа 2011 година во Литванија. И мора да имаме трпение со новите момци. Тие се оние кои треба да ги чекаме и тие ќе бидат нашата иднина. Сакаме да имаме што е можно млади играчи кои десет до петнаесет години ќе бидат заедно во националниот тим. Ќе истрпиме дури и некои резултатски порази, но тоа ќе биде една школа за сите нив“.

Сениорскиот тим го чека настап во квалификациите за Летните Олимписки Игри, а потоа и квалификации за Евробаскетот во 2025 година.

„Одиме нагоре резултатски со сениорскиот тим. Чекаме квалификации за ЛОИ, а потоа следат квалификации за ЕП 2025. Ги чекаме противниците. Наше е да создадеме одлични услови за подготовки, играчите да ги имаат сите неопходни работи, а нивно е да играат за нашата држава Македонија и за народот“ – смета предводникот на мак-баскетот и во наредните четири години.

Официјално: Перо Антиќ старо-нов претседател на КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот