Антиќ: Животот без спорт е мошне здодевен!

фото: kfsm.mk

Долго време ја нема на кошаркарскиот терен. Не е изненадување доколку се земе в предвид дека се бори против една сериозна ситуација која ја предизвика една нималку наивна повреда.

Но, Јелена Антиќ е голем борец, за неа не постои зборот предавање. Напротив, нашата најдобра кошаркарка во изминатата деценија нема намера тука да застане, напротив…

Паралелно со „санацијата на штетата“ која ја предизвика повредата на лигаментите на коленото, Антиќ работи и на други кошаркарски теми. А она слободно време кое, како што вели, досега го немала во толкаво количество, се труди да го искористи максимално во оние обиди за реализација и на некои други кошаркарски планови.

Со оглед на тоа што кошарката, односно спортот воопшто, подолго време се „замрзнати“, и сеуште е така, во најголем дел од светот, поради пандемијата која ја донесе корона вирусот,  еве какви промени донесе една ваква ситуација кај нејзе..

За мене лично, немаше многу големи промени, од причина што оваа година мене ми беше фокусирана на враќање на терен во полна снага. „Замрзнатиот“ спорт, и дефинитивно има лошо влијание над нас спортистите, но и сите љубители на спортот. Сите сме во исчекување и се надеваме дека спортот и натпреварувањата ќе бидат активирани наскоро затоа што животот без спорт е мошне здодевен. Исто така се надевам дека спортот нема да претрпи големи последици поради финансиската криза низ целиот свет – вели Антиќ за сајтот на КФСМ, по еден успешно одработен рехабилитациски тренинг со кој треба да бидат зајакнати лигаментите на повреденото колено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот