Антиќ, Темелковски и Наумоски во „клинч“ на 15 мај

Македонската кошаркарска федерација на 15 мај ќе добие нов претседател откако Управниот одбор го одреди овој датум за одржување на Годишното собрание на МКФ.
Главна точка на собранието ќе биде изборот на нов претседател на МКФ бидејќи мандатот на актуелниот челник на федерацијата, Петар Наумоски устекува на крајот на април.

Засега претседателските аспирации официјално ги најавија, екс капитенот на репрезентацијата Перо Антиќ, и сегашниот спортски директор на МКФ, Владимир Темелковски. Амбиции за нов челник на МКФ има и поранешниот пратеник Есад Рахиќ, а според најавите, изгледни се шансите нов мандат да побара и актуелниот претседател Наумоски.

Управниот одбор донесе уште една новина со која се олеснува кандидатурата на заинтересираните аспиранти за челник на Федерацијата. Наместо досегашните правила со кои секој клуб можеше да поддржи само еден кандидат, сега клубовите членки на собранието ќе можат да поддржат кандидатура на повеќе од еден кандидат. Тоа, значи дека теоретски во конкуренција за прв човек на МКФ може да има дури 30 кандидати за претседателската функција, на кои, ќе им биде потребно да обезбедат поддршка на десет клубови кои се најмалку две години во системот на натпревари на федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот